21 Мај, 2024
0.0262

Србија ги отвара пазарите и некои дуќани: Почна олабавувањето

Објавено во: Балкан 20 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Српската Влада на денешната седница во согласност со епидемиолошката состојба и мислењето на струката, донесе одлуки за ублажување на одредени мерки во однос на спречувањето на ширењето на вирусот Ковид-19.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, со новите мерки граѓаните постари од 65 години, кои досега само еднаш неделно можеа да излезат од домовите, од утре тоа ќе можат да го прават три пати неделно, во вторник, в петок и в недела, помеѓу 18 часот и еден часот по полноќ ќе можат да излезат на прошетка на половина час, најмногу шестотини метри од местото на живеење.

Почнувајќи од вторник, 21 април, се дозволува работа на работодавачите од областа на пружање на услуги, како што се автомеханичарски и вулканизерски дејности, чевлари, кројачи, хемиско чистење, училиштата за обука на возачи, како и на работодавачите од областа на трговијата на мало – книжарници, трговци со моторни возила, велосипеди, наутички и технички стоки, градежни материјали.

Од утре се отвараат и зелените пазари (на отворен и затворен простор) со задолжителна примена на сите мерки на заштита.

Владата ги повика од утре, 21 април и работодавачите од областа на градежништвото (високоградбата и нискограбата) да продолжат со работа во полн капацитет. Сите тие се должни на работниците да им обезбедат заштитна опрема (маски, нараквици и средства за дезинфекција), а работата мора да се одвива со почитување на физичка дистанца. Од работодавците се бара да изготват посебен план на мерки за време на вонредната состојба, а вработените се обврзани тоа да го почитуваат.

Оние кои сè уште не можат да ја продолжат својата работа се објектите чијашто работа вклучува собирање голем број на луѓе, како што се продавниците лоцирани во трговски центри. Исто така, сè уште не е дозволена работата на оние активности кои вклучуваат близок физички контакт, така што фризерските салони, салоните за убавина, вежбалниците и фитнес центрите и понатаму остануваат затворени.

Во соопштенето на Владата се потенцира дека работата во објектите на кои од утре им се дозволува работата, таа може да се одвива само со почитување на сите мерки на заштита и употреба на средствата за дезинфекција и заштитната опрема – маски и нараквици. 


Можеби ќе ве интересира

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!

КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!

„До кога меѓународната заедница ќе толерира насилство врз Србите“: Дачиќ по влезот во експозитурите на „Поштенска штедилница“

„До кога меѓународната заедница ќе толерира насилство врз Србите“: Дачиќ по влезот во експозитурите на „Поштенска штедилница“

„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: еве што вели сведок во случајот со малата Данка, биле во службеното возило

„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: еве што вели сведок во случајот со малата Данка, биле во службеното возило

„ГИ ВИДОВ ВО 14 ЧАСОТ И 45 МИНУТИ КАЈ ДЕПОНИЈАТА“: Сведок раскажа сѐ за средбата со убијците на Данка

„ГИ ВИДОВ ВО 14 ЧАСОТ И 45 МИНУТИ КАЈ ДЕПОНИЈАТА“: Сведок раскажа сѐ за средбата со убијците на Данка

ЈА ИЗНЕНАДИ ЈАВНОСТА СО ПОДАТОКОТ ЗА ГОЛЕМАТА ЗАШТЕДА, ПА КУПИ СТАН ВО ЕЛИТНА НАСЕЛБА - која е хрватската пратеничка што ова си го дозволи, ја паметиме и овде

ЈА ИЗНЕНАДИ ЈАВНОСТА СО ПОДАТОКОТ ЗА ГОЛЕМАТА ЗАШТЕДА, ПА КУПИ СТАН ВО ЕЛИТНА НАСЕЛБА - која е хрватската пратеничка што ова си го дозволи, ја паметиме и овде

ВО СУПЕРМАРКЕТИ, АПТЕКИ И ДРУГИ ПРОДАВНИЦИ ВО ГРЦИЈА, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ДА СЕ ОДИ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ: Ако ги почитувате овие правила, нема да ги налутите сопствениците

ВО СУПЕРМАРКЕТИ, АПТЕКИ И ДРУГИ ПРОДАВНИЦИ ВО ГРЦИЈА, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ДА СЕ ОДИ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ: Ако ги почитувате овие правила, нема да ги налутите сопствениците

„НУДАТ ШУПИ И ДУПКИ, А ЦЕНИТЕ СЕ КАКО ВО МОНАКО“: Сместувањето во Грција поскапело повеќе од двојно, Србите се во невидена паника за летување!

„НУДАТ ШУПИ И ДУПКИ, А ЦЕНИТЕ СЕ КАКО ВО МОНАКО“: Сместувањето во Грција поскапело повеќе од двојно, Србите се во невидена паника за летување!

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик