СРЕДБА АХМЕТИ - МИЦКОСКИ: За што ќе разговараат?
Објавено во: Македонија 01 Март, 2018
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во сабота ќе се сретнат, објави тв 24.
На агендата на првата средба ќе се најдат името, реформските закони, дијалогот власт-опозиција, но не и Законот за јазици, бидејќи велат ситуацијата со него е јасна, а законот за јазици е завршена работа.
Според ДУИ се работи за куртуазна средба, за двајцата претседатели да се запознаат.