25 Мај, 2024
0.0301

СТАТИСТИКА: Земјите со најздрави жители во светот се …

Објавено во: Стил 01 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Земјите во светот се натпреваруваат за секакви критериуми - економски, географски, културни, спортски и др.

Можеби најважниот помеѓу нив сепак е здравјето на граѓаните. Тоа е предуслов за демографски, економски, интелектуален, културен и спортски напредок.

За да се идентификуваат земјите со најмногу здрави жители, „Bloomberg Rankings“ создаде критериуми за проценка на здравјето, како и пријавување на ризикот за здравјето во земји со население од барем 1 милион жители.

Оценката за здравјето се базира на смртноста во секоја земја, а овој, одлучувачки ризик за здравјето се базира на различни фактори кои би можеле да го ограничат, како процентот на млади луѓе кои пушат и бројот на имунизациите.

Местото на земјите се дефинира од проценката за здравјето на секоја од нив која ќе го извади ризикот за здравјето. За составувањето на листата се користени податоците на ОН, Светската банка и Светската здравствена организација (СЗО).

Азиските и европските земји доминираат, додека оние од Северна и Латинска Америка воопшто не се вклучени.

Податоците би можеле да бидат од корист на политичарите, кои ќе бидат водени од практиката во земјите со повисок рејтинг, за да ги подобрат здравствените резултати на сопствените држави.

Сепак треба да се има предвид дека поимот „здрав“ е предмет на интерпретација. Пласман кој го одредува „здравиот“ живот наспроти неговиот квалитет, а не спрема неговата должината, би ги исклучила земјите со пониски приходи, кои сепак ги имаат предвид високите нивоа на среќа или задоволство од животот.

Еве ги 10-те земји со најголем број на здрави жители во светот:

10. Германија - 83,58% 9. Шведска - 83,9% 8. Холандија - 84,09% 7. Шпанија - 84,36% 6. Израел - 85,97% 5. Јапонија - 86,83% 4. Швајцарија - 88,29% 3. Австралија - 88,33% 2. Италија - 89,07% 1. Сингапур - 89,45%

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“