20 Мај, 2024
0.0246

Ставрески ги смирува тутунарите: „Сите ќе склучите договори“

Објавено во: Агробизнис 03 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Разговараме со откупувачите да ги потпишат договорите со производителите кои им ги ветиле, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески додавајќи дека државата нема да ги остави тутунарите сами да се справуваат со проблемот. „До крај ќе инсистираме да се испочитува она што го ветија откупните претпријатија, дека ќе се потпишат договори со сите тутунари кои имале договори во 2013 година со количествата што ги утврдивме на тој состанок“, нагласи Ставрески, потсетувајќи дека субвенциите за тутун се веќе исплатени. По вчерашниот последен состанок со откупувачите вицепремиерот очекува деновиве да се интензивира потпишувањето на договорите со тутунопроизводителите за новата реколта тутун.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?