Столбот на Германија падна најниско-стравот се шири во Европа!
Објавено во: Економија 26 Септември, 2016 12:42
Акциите на Дојче банка паднале на рекордно ниско ниво како последица на загриженоста дека нејзиниот резервен капитал би можел да биде загрозен поради се поголемиот број на правни спорови.
Меѓу тие спорови е и спорната продажба на хартии од вредности во САД.
Акциите на најголемата германска банка паднаа утрово во Франкфурт за 4,2 отсто, на 10,93 евра, што е нивна најниска вредност во историјата, пренесе Блумберг.
Дојче банка во САД би можела да биде принудена да плати и 14 милијарди долари поради продажба на спорни хартии од вредност во САД, додека за тоа одвоила 5,5 милијарди евра.
Таа банка исто така е соочена со истраги за манипулации со валути, трговија со скапоцени метали и милијарди долари префрлени од Русија.
Германската канцеларка Ангела Меркел ја исклучила можноста за државна помош на Дојче банка во година во пресрет на парламентарни избори, пренесе минатата недела германски Фокус пренесувајќи се на извори од владата.
Дојче банка во САД е меѓу банките кои се под истрага дека во пресрет на финансиската криза во 2008 година продавале хартии од вредност кои се претставени како релативно безбедни, иако содржеле хипотекарни обврзници за луѓето кои тешко можат да ги отплатат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





