Судот против Јанева или попречена правда?
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2016
И новиот случај Трезор покажа дека тешка битка ја чека Катица Јанева и СЈО со судовите. Како и во 99 отсто од претходните случаи не беше уважено барањето за притвор, а ниту ќе минат другите мерки за претпазливост.
Кривичниот суд не го уважи барањето за притвор за случајот во кој 4 се обвинети за проневера на над 800 илјади евра.
Барањето според судот не било основано.
СЈО бараше притвор за еден осомничен во случајот Трезор.
Во овој предмет на СЈО три лица од УБК и едно од МВР се товарат дека преку договори и анекси за набавка на опрема за шпионирање и понатаму за сервисирање на истата опрема го оштетиле државниот буџет за 860.000 евра.
Тие вчера во Судот се појавија на распит влегувајќи преку споредните влезови.
Од СЈО бараат изземање на судијата на претходна постапка од одлучувањето за мерките за претпазливост, поради роднинска поврзаност на судијата со лица во блиска корелација со обвинетите.
Сепак со оглед на силите во судот, тешко е да се очекува одлука во корист на СЈО. Јанева пак најави истрајна битка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.