20 Мај, 2024
0.0277

СВЕТОТ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ: Кое ќе биде името на бебето на Меган и Хари

Објавено во: Свет 07 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Дали тоа ќе биде Артур или Едвард? Антиципацијата расте за името кое ќе го носи бебето на Хари и Меган.

Војводата и војвотката од Сасекс сега се горди родители на машко бебе. Но, уште една мистерија останува: Какво име ќе му дадат?
Маѓепсаниот принц Хари разговараше со медиумите кратко време по раѓањето на неговиот син во понеделникот, известувајќи ги новинарите дека кралската двојка „сѐ уште размислува за името“, пишуваат британските медиуми.

Како и сите нови родители, Меган и Хари несомнено ќе размислуваат за имиња за своето бебе, а можеби и веќе се одлучиле за некое од нивните омилени.
Нема кралски правила за избор на имиња, но британското кралско семејство сака да им оддаде почит на оние што дојдоа пред нив, пишуваат медиумите од островот.

Англичаните се познати по обложување во се и сешто, така и овој пат името на новото кралско бебе, не ги изостави обложувалниците. Играчите најмногу облози ставиле на имињата Артур и Едвард, како и Филип по дедо му на Хари.

Бебето на Меган и Хари е  седмо по ред за престолот.

Кралицата Елизабета Втора им подари четири имиња на секое од нејзините четири деца. Целосното име на принцот Чарлс, сегашен наследник, е всушност Чарлс Филип Артур Џорџ. Додека пак, полното име на новиот татко Принц Хари е Хенри Чарлс Алберт Дејвид. Братот на Хари, принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, ја продолжи традицијата на повеќе имиња со сите три негови деца.

Традиционално, првиот кој дознава за кралско раѓање е владеачкиот монарх. Како и кралицата Елизабета Втора, британската премиерка Тереза ​​Меј исто така, и генералниот гувернер на секоја држава на Комонвелтот е секогаш прво информиран, заедно со останатите кралски и семејството на Меган во САД.

Официјалното известување за раѓањето на бебето на војводата и војвотката од Сасекс е изложено пред Бакингемската палата во понеделникот.

Попладнето беше врамен билтен најавувајќи го раѓањето, билтенот беше поставен во предниот дел на палатата во Лондон, во кој не беше запишано име. И така, чекањето продолжува.

Фото CNN

Можеби ќе ве интересира

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?