22 Ноември, 2024
0.0273

Фактор анализа

ТЕШКО СО ЕВРООБВРЗНИЦА: Само за отплата на камати половина милијарда евра!

Објавено во: Финансии 26 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Од 2005 година, кога е издадена првата Еврообврзница, земјава по основ на ова задолжување, за основица и камати ќе плати 2 082 000 000 евра. Според пресметките што ги направи “Фактор“, странското задолжување само преку Еврообврзници изнесува скоро 23% од БДП. Дел од економистите прогнозираат дека во следните години за исплата на долгови ќе се одлеат и до 2 милијарди евра.

Колку Владата ја задолжи Македонија преку Еврооврзница?

Првата Еврообврзница во износ од 150 000 000 евра ја издаде владата предводена од СДСМ кога во 2005 та година на меѓународниот пазар се задолжи со камата од 4,625% и рок на отплата од 10 години.

Втората Еврообврзница беше издадена од владата предводена од Вмро-Дпмне, во 2009 година, кога глобалната  финансиска криза го достигна пикот, а власта во обид да обезбеди ликвидност на Буџетот, односно средства за тековни буџетски потреби на меѓународниот пазар позајми 175 000 000 евра. Оваа Еврообврзница, која беше со рочност од пет години, според висината на каматата, практично е и најскапа. Од 2014 година па во следните три, актулната власт во континуитет, секоја година издаваше по една Евробврзница.

Еве кога по која цена државата беше задолжена со Еврообврзници:

2005 година: Вредност 150 000 000 евра, со камата од 4,625%, рок на отплата од 10 години, за камата исплатени 69 000 000 евра.

2009 година: Вреднст 175 000 000 евра, со камата од 9,875%, рок на отплата од 5 години, за камата исплатени 86 000 000 евра.

2014 година:Вредност 500 000 000 евра, со камата од 3,975%, рок на отплата од 7 години, за камата ќе се платат 139 000 000 евра.

2015 година: Вредност 270 000 000 евра, со камата од 4.875%, рок на отплата од 5 години, за  камата ќе се платат 66 000 000 милиони евра.

2016 година: Вредност 450 000 000 евра, со камата од 5,625%, рок на отплата 7 години, за камата ќе се платат 177 000 000 евра.

2017 година : Нова Еврообврзница

Од 2005 до последната издадена Еврообврзница, Македонија за овој вид на долг платила или сеуште треба да плаќа вкупно 2 милијарди евра, од кои 1,5 милијарди евра по основ на главница и уште половина милијарда евра за камати. Владата предводена од Вмро-Дпмне досега издаде четири Евробврзници, или само по овој основ ја задолжи економијата 1,8 милијарди евра ( основица и камати).

Вкупниот долг само по основ на Еврообврзници изнесува 23% од Бруто Домашниот производ.

Во неколку наврати, при јавните прозивки и критики околу растечкиот долг, од Министерството за финансии оценуваа дека моделот не е непозната пракса за економиите и дека тој е легитимен инструмент за обезбедување на пари за буџетска поддршка. Според оценките на министерството, според висината на Јавниот долг, земјава сеуште е во групата на умерено задолжени економии.

Се повеќе јавни пари ќе се одлеваат за долгови …

Според проекциите од Буџетот за 2017, догодина само по основ на каматни исплати, од државната каса ќе се одлеат 133,5 милиони евра. Годинава оваа сума изнесува 112 милиони евра. Ако се аналиизра трендот на расходи по овој основ, тие се зголемуваат од година во година, а според дел од економистите што ги праша “Фактор“, сумите ќе растат.

“Во  2017 година само за камати од Буџетот за постоечки долгови треба се исплатат 133 милиони евра. Но, сегашните создадени долгови во иднина ќе генерираат нови долгови, така што во наредениот период според моите оценки само за исплата на долговите Македонија ќе треба да плати меѓу 1,5 до 2 милијарди евра. Ова се огромни суми што ќе се одлеваат од јавните средства“, вели универзитетскиот професор Никола Поповски.

Дел од економските аналитичари подолго време упатуваат на две прашања кога се работи за Јавниот долг. Прво, темпото со кое се задолжува економијата и второ за што се трошат позајмените пари, односно колку тие придонесуваат кон раст на БДП.

“Мислам дека брзината на задолжување е спорна, односно трендот на пораст на бруто-домашниот производ не кореспондира со брзината на долгот и тоа е проблем кој што ќе се одрази во иднина бидејќи ќе се слулат ликвидносни проблеми.Ако долгот се генерира на овој начин и не дава резултати кои ќе предизикаат зголемување на растот, долгот ќе биде залудно земен“ - оцени неодамна за “Фактор“, универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров.

Од 2002 година, од кога постојат и официјални податоци за Јавниот долг, најниско ниво е измерено во 2008 година, Јавен долг од 23% од БДП а највисоко на крајот од 2015 година со 46,5% од БДП.

Според буџетот за 2017 година, дел од економистите предвидуваат зголемување на надворешниот, а намалување на внатрешната задолженост. Заклучно со вториот квартал Јавниот долг изнесува 4,2 милиајрди евра или 45,3 проценти од БДП, додека бруто надворешната задолженост изнесува 70,9% што ја вбројува земјава во групата на високо задолжени економии.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?