Добивај вести на Viber
Оваа година компанијата Тинекс преку платформата “Тинекс, ти и јас“ , за поддршка на проекти за развој на заедницата донираше вкупно 17,5 милиони денари. Донираните средства оваа компанија ги собра преку продажба на биоразградливи пластични кеси, но и од сопствени финансии.
-Одговорноста на секоја компанија е да работи за развој на заедницата, паралелно со градењето на сопствениот развој“, изјави Кристина Тодоровиќ-Николиќ, генерален извршен директор на Тинекс, на денешната пресконференција. Таа додава дека Тинекс веќе 18 години е и ќе продолжи да биде компанија во чиј фокус секогаш е човекот. За таа цел тие ја формирале платформата ’Тинекс, ти и јас“ за поддршка за проекти од интерес на заедницата.
Платформата на почетокот на годината започна со донација во Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле со донација на два бронхоскопа и една кардиолошка сонда, вредни еден милион денари. Тинекс донираше и во клиниките за гинекологија, детски болести и максилофацијална хирургија. Околу половина милион денари беа донирани и на Клиниката за детска хирургија.
Големи количства на храна оваа компанија донираше и за семејставата кои беа завеани со снег,за децата од социјално загрозени семејства и парична помош за обнова на домовите од пожарот во скопската населба Карадак маало. Беа доделени и новогодишни пакетчиња, но и илјада пакети храна и средства за хигиена во рамки хуманитарниот настан “Дојди –подари радост“. Тинекс го спонзорираше и Новогодишниот караван кој посети 11 градови и додели над 1500 пакетчиња. Во рамките на платформата “Тинекс, ти и јас“ годинава се одржаа и серија хуманирарни семејсни настани, а истите ќе продолжат и во годината што следи.
За подобро функционирање на овој проект, “Тинекс“ формираше Одбор за општествена одговорност, во кој покрај генералниот директор и директорот за малопродажба, членуваат професорот и писател Венко Андоновски, аналитичарот Јован Донев и детскиот хирург Владимир Чадиковски. На нив им беа врачени специјални благодарници за нивниот придонес кон заедницата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.