Трамп не плаќа даноци 18 години заради 1 милијарда загуба во 90-тите?
Објавено во: Свет 02 Октомври, 2016
Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп во 1995 година пријавил пред властите загуба од речиси 1 милијарда долари, што му дало можност практично да не плаќа даноци 18 години, пишува електронското издание на весникот Њујорк тајмс.
Изданието тврди дека добило необјавени досега податоци за даночните одбитоци на бизнисменот. Според документите во даночна пријава за 1995 година, Трамп објавил загуба од 916 милиони долари, што би можело да му овозможи легално да не плаќа никакви федерални даноци речиси две децении.
Во написот се истакнува дека огромната загуба се должи на неефикасното управување во почетокот на 90-тите години на три казина во Атлантик сити, на неуспешниот обид на Трамп да интервенира на пазарот на авиопревоз и на погрешно избраниот момент за купување на хотелот „Плаза“ во Менхетен. Весникот не прецизира дали милијардерот ја искористил можноста да го добие ова даночно олеснување.
70-годишниот Трамп, кој повеќе од 30 години е во листата на списанието „Форбс“ за најбогатите луѓе во светот, тврди дека неговата состојба изнесува над 10 милијарди долари иако според експерти таа е доста помала. Неподготвеноста да ги објавува даночните пријави од предизборниот период е меѓу темите на кампањата.
Рекордни донации за Хилари Клинтон
Хилари Клинтон во септември собрала за предизборната кампања и за Демократската партија рекордни 154 милиони долари, соопшти нејзиниот штаб.
За учеството на Клинтон во претседателската трка се собрани 84 милиони долари, а 70 милиони долари се наменети за Националниот комитет на партијата и единиците во одделните држави. Донаторите само во септември се 900.000 при 2,6 милиони вкупно за кампањата досега.
Нејзиниот ривал Доналд Трамп првично сам ја финансираше кампањата, но откако остана единствен кандидат за номинација на републиканците, започна да работи со нивниот Национален комитет. Бизнисменот објави дека е подготвен да одвои 1 милијарда долари за битката за Белата куќа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.