24 Мај, 2024
0.0293

ТУРИСТИЧКИТЕ ПОСЕТИ СЕГА СЕ НА ПАУЗА: Maкедонците во Русија одат само доколку мораат

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Откако почна руската инвазија на Украина, бројот на македонски граѓани кои изразиле желба за патување во Русија е многу мал, за разлика од претходните години.

Овие патувања се на пауза, затоа што доколку македонски граѓанин сака да замине во Русија, има ограничувања и мора да патува или преку Белград или преку Истанбул, а воедно авионските билети се поскапени што секако не им оди во прилог. За истите пари би можеле да посетат друга дестинација. Од туристичките агенции велат дека пред да почне војната во Украина, имало интерес за посета на Москва и Санкт Петербург, но сега не е така. Дополнително, фактот дека Русија војува создава тензија и несигурност кај потенцијалните туристи. Вработените во туристичките агенции велат дека патувањата се поврзани со уживање, а луѓето кои сакаат да патуваат, да посетат одредена дестинација, сакаат да се чувствуваат безбедно. Тврдат дека сега инциденто кај нив месечно се јавуваат по еден или двајца луѓе  и резервираат билети за патување во Москва, но најчесто се тоа лица кои патуваат поради здравствени проблеми поврзани со очи болести во Русија, а не туристички посети.

„Луѓето сакаат да бидат 100 отсто безбедни ако патуваат некаде. Попрактично би било да патуваат ако има директен лет, затоа што сепак се работи за подалечна дестинација. Кога ќе помине одреден период сметам дека интересот за посета на Русија ќе се врати. Има и авантуристи кои би патувале и сега, но нивниот број сепак е мал“, вели Лиде Стојановска, туристички водич.

Пред да почне војната во Украина неколку скопски агенции организираа посети на Русија. Во агендата беа вклучени посета на Москва и Санкт Петербург, екскурзии во Кремљ, Царско Село Пушкин, Петродворец Петергоф, Ермитаж. Дел од агенциите ја нудеа и Украина како опција за патување, но сега поради војната, никој не патува таму.

Русија пред неколку месеци се повлече од Светската туристичка организација, од каде е исфрлена во април поради инвазијата врз Украина.

Најуспешна за Русите била 2013 година кога земјата ја посетиле рекордни 33 милиони туристи, што ја направи деветта најпосетувана земја во светот и седма во Европа во тој период. Сепак, истражувањата покажуваат дека анкетираните туристи имале критики за инфраструктурата во земјата. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/dipetre

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова се сретна со Папата, но средба со Радев немаше

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова се сретна со Папата, но средба со Радев немаше

МУЦУНСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР СО „ВРЕДИ“: Местото на ДУИ е во опозиција

МУЦУНСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР СО „ВРЕДИ“: Местото на ДУИ е во опозиција

ФПСМ: Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ при искачувањето на Хималаите имал проблеми, но е надвор од животна опасност

ФПСМ: Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ при искачувањето на Хималаите имал проблеми, но е надвор од животна опасност

СПАСОВСКИ: Во јавноста перцепцијата е дека сè што ќе побара ДУИ, СДСМ го дава

СПАСОВСКИ: Во јавноста перцепцијата е дека сè што ќе побара ДУИ, СДСМ го дава

ПРИЛЕП: Неколку девојчиња истепале соученичка

ПРИЛЕП: Неколку девојчиња истепале соученичка

KOВАЧЕВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Кога СДСМ ќе избира нoв лидер?

KOВАЧЕВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Кога СДСМ ќе избира нoв лидер?

РАДЕВ: На ред е претседателот на Северна Македонија, да дојде во Бугарија

РАДЕВ: На ред е претседателот на Северна Македонија, да дојде во Бугарија

УТРОВО ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОРОТ ВО СТРУГА: Мијалков е на слобода

УТРОВО ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОРОТ ВО СТРУГА: Мијалков е на слобода

„ДИЈАСПОРАТА ОВДЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИМЕНА СО РАШИРЕНИ РАЦЕ, НО НЕ Е ТАКА“ - еве какво искуство имал иселеникот Митре Кутановски, слушајте во новиот поткаст на Фактор

„ДИЈАСПОРАТА ОВДЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИМЕНА СО РАШИРЕНИ РАЦЕ, НО НЕ Е ТАКА“ - еве какво искуство имал иселеникот Митре Кутановски, слушајте во новиот поткаст на Фактор