Добивај вести на Viber
Од февруари идната година, турската авионска компанија Пегазус Ерлајнс ќе воспостави авионски линии за Белград и Сараево.
Билетите на Пегазус Ерлајнс на релација Белград-Истанбул се пуштени во продажба, а цената на повратен билет ќе биде 49,99 евра. Летот на оваа релација ќе почне од 1 февруари 2013 година. Според сегашниот распоред летови од Белград во Истанбул ќе има во вторник, четврток, петок и недела.