25 Ноември, 2024
0.0267

УГОРЕ ВИСОКО УДОЛУ ДЛАБОКО: Што ќе наследи Заев во економијата?

Објавено во: Економија 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

По долгата политичка криза на економијата ќе и треба време за да закрепне. Во периодот што следува новата Влада треба да се насочи кон ревитализација на економијата и санирање на последиците од политичката криза, порачуваат експертите и бизнисмените. Статистиката веќе регистраше пад на економските показатели. Во март индустриското производство е намалено за 0,9 отсто во споредба со истиот период лани. Намалување има и кај странските инвестиции, кои заклучно со февруари се во минус од скоро 13 милиони евра.

Ребаланс на Буџетот, стабилизирање на јавниот долг, реформи во пензискиот систем, поддршка за домашниот бизнис сектор, субвенции за земјоделците-ова се само дел од економските предизвици што треба да бидат приоритет на новата Влада. Бизнисмените порачаа дека новата Влада треба да биде отворена за дијалог со стопанствениците и поради ударот од политичката криза сега за бизнисот е важно да се врати ликвидноста на ниво кое ќе овозможи нови инвестиции во стопанството. Според бизнисмените важно  е новата Влада да ја утврди динамиката на раздолжување со стопанството  

„Во тој отворен дијалог ќе се зборува отворено за јавниот долг, отворено за меѓусебните договорни обврски, креирање на план за подмирување на истите, но секако и за тешки моменти коишто можеби ќе бидат нужни да се преземат и како влада, но и како бизнис сектор, а тоа е можеби и менување на фискалната политика, даночната политика. Но кога има отворен дијалог секако решенијата се наоѓаат“, вели  Фатмир Битиќи, од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Од бизнис секторот укажуваат дека е потребно да се обезбеди ист третман на домашните и странските инвеститори, да се намали борјот на адмнистрација, но и да се промени досегашната пракса на често менување на законите кои се вршеа без консултација со стопанствениците. 

Скусен просторот за задолжувања

Според економистите приоритет на новата Влада треба да биде  ребалансот за да може навреме да сервисираат обврските за исплата на плати, пензии, субвенции, социјална помош. Укажуваат дека едно од клучните прашања е и нивото на јавниот долг. Според анализите идната Влада нема голем простор за задолжувања, а со сегашното ниво брзо се приближуваме кон црвената линија. Во последните години, Македонија е изложена на забрзано темпо на задолжување, што придонесе македонскиот државен и јавен долг да се удвои во релативно краток временски период. Од Институтот за економски анализи и истражувања „Finance think“, посочуваат дека одржливото ниво на македонскиот државен долг треба да се движи помеѓу 41% и 48,7% од БДП. Според анализите на институтот, одржливата граница на македонскиот јавен долг би се движела помеѓу 51% и 59,2% од БДП. Споредено со сегашното ниво на крајот на 2016 година со државен долг од 39,1% од БДП, и јавен долг од 47,8% од БДП, пресметаното одржливо ниво укажува дека државниот и јавниот долг се сé уште во сферата на одржливоста, но блиску до границата на одржливоста. Економистите предупредуваат дека иако можеби постои простор за нови задолжувања, поголемиот дел од фискалниот простор веќе е искористен.

„Доколку се доведеме до ситуација на силна рецесија и да продолжиме со одредени популистички мерки, ние на ваков или таков начин ќе ја доведеме до загрозување одржливоста на сервисирање на тие отплати. Доколку идните задолжувања ги искористиме за капитални расходи коишто ќе создадат нова додадена вредност, коишто ќе го зголемат индустриското производство и економијата, тоа значи дека овој простор понатаму ќе се шири“, вели Благица Петрески од Институтот за економски истражувања и анализи „Finance think “.

Економистите сметаат дека доколку економскиот раст е над три насто и разумно се трошат буџетските пари, и задолжувањето може да се се зголеми и да нема проблем со враќањето ако државниот долг биде 48,7, а јавниот 59,2 отсто од БДП. Порачуваат дека најлошото сценарио може да се избегне со подобрување на кредитниот рејтинг на земјата и задолжувања кои ќе бидат исклучиво за продуктивни цели. 

„Дури и под претпоставка ние да го задржиме моменталното ниво на буџетски дефицит којшто го имаме и да продолжиме со таков начин да ги трошиме средствата, многу е значајно идните задолжувања да бидат насочени во една продуктивна насока за оваа состојба да ја промениме во иднина“, вели Петрески. 

Во изборната програма СДСМ најави формирање на „Фискален совет“ како независен орган формиран од страна на Собранието, во којшто ќе членуваат истакнати експерти по финансии или економија, со мисија да го оцени кредибилитетот на фискалната политика и да обезбеди нејзина транспарентност и предвидливост. Од партијата најавија дека нивото на јавниот долг ќе биде транспарентно, ќе се објавува целосно, редовно, без исклучоци и политички калкулации, а криењето на јавниот долг ќе биде кривично дело. Се обврзаа на објавување на податоци и за гарантираниот, но и за негарантираниот долг на јавните претпријатија и општините.  

Што најави СДСМ во економскиот дел во изборната програма?

Лидерот на СДСМ Зоран Заев неодамна изјави дека дел од ветувањата во изборната програма ќе бидат реализирани веднаш, односно во првите три месеци од почетокот на работата. Приоритет ќе биде укинување на екстерното тестирање,  укинување на радиодифузната такса, враќање на евтината тарифа за струјата. Во економскиот дел од програмата е зацртано минималната плата да биде 16.000 денари до крајот на мандатот или 12.000 денари во првата година. СДСМ во програмата најави раст на економијата, повеќе работни места и повисок стандард. Во првите 180 дена од мандатот, партијата планира елиминирање на сите непотребни документи кои ги бараат институциите во управните постапки. Дел од економските мерки се воведување на поправеден персонален данок на доход со две стапки (10% и 18%) што ќе содржи и враќање на платениот персонален данок на доход за граѓаните кои имаат многу ниски месечни лични доходи. За мнозинството на граѓани ќе остане стапката од 10%, а дополнителната стапка од 18% ќе се воведе само за дополнителниот приход на лицата со највисок доход. СДСМ најави воведување на нов систем насловен како „Повеќе пари кај граѓаните” со кој на граѓаните ќе им се враќаат по 15% од платениот ДДВ, со исклучок на данокот остварен при купување на лускузни производи. 

Т.С

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“