21 Мај, 2024
0.0318

УЈП со проект “Фискална едукација на младите”

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

„Фискална едукација на младите“ ова е проектот на на Управата за јавни приходи, кој  средношколците и студентите веќе трета година по ред имаат можност да добијат појасна слика за тоа што претставува данокот и која е општествената полза од плаќањето на даноците. -Проектот го спроведуваме во рамките на образовниот систем како најповикан и најсоодветен сегмент на општеството за едукација и воспитување на младите, информираат од УЈП. Од почетокот на 2010 година, односно во двете учебни години во кои се спроведува проектот „Фискална едукција на младите“, Управата за јавни приходи одржа над 900 обуки во средните училишта и факултетите низ Македонија. Во пракса даночната едукација на младите од страна на Управата за јавни приходи е со висок степен на реализација, односно 97% од планираните активности. Во спроведувањето на обуките учествуваа 43 даночни експерти. -Практичнoто искуство покажува дека во средните училишта забележан е напредок во смисла на зголемен интерес на учениците за содржината на темите кои се обработуваат во едукативната програма. Општ впечаток на обучувачите и наставниот кадар е дека учениците имаат потреба од ваков вид знаење, постои интерес кај младите и дека проектот треба да продолжи и во наредните години, соопштуваат од УЈП.

Можеби ќе ве интересира

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза

„Чуварите на мудроста“ на втората конференција ќе споделат мудри совети со младите

„Чуварите на мудроста“ на втората конференција ќе споделат мудри совети со младите

НОВОТО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО ,,ГРИН МАШИНС” НА БРАКО ПРЕТСТАВЕНО ВО МИНХЕН

НОВОТО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО ,,ГРИН МАШИНС” НА БРАКО ПРЕТСТАВЕНО ВО МИНХЕН

УНИБанка успешно го одржа четвртиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2024„

УНИБанка успешно го одржа четвртиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2024„