26 Мај, 2024
0.1117

Уриваме рекорди со аерозагадувањето, но дали поголемата населеност води кон позагаден воздух?

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Македонија повторно зимава урива рекорди со загаден воздух. Скопје повторно се најде меѓу 10-те најзагадени градови во светот, во друштво на градови од Индија, Кина, Пакистан, Монголија кои пак имаат милионско население.

Скопје котираше на високото 3-то место, а претходните години состојбата не беше ништо подобра. Бројот на жители е еден од факторите кои влијаат на загаденоста на воздухот, но тој не е единствен, туку важни се и навиките на граѓаните и општо колкава е грижата за заштита на животната средина.

„Населеноста влијае ако се земе предвид дека има зголемени градежни активности и повеќе моторизација (автомобили) во наше Скопје, кое и онака е загушено од планините околу и се наоѓа во котлина. Општо неодржливото урбано живеење го нарушува балансот во животната средина и резултат се разни загадувања (воздух, вода, почва, светло, звук...). Постојат неколку студии за загадувањето во Скопје и во сите наведени се индустријата, градежништвото, домаќинствата што се греат на цврсти горива (што палат од дрва до пластики) и транспортот на крај како причинители“, вели Мила Јовановска, од  организацијата „Биди зелен“.

Во минатото дел од градските татковци укажуваа дека градовите се проектирани за одреден број возила, а денес има многу повеќе и објаснуваат дека тоа влијае на квалитетот на воздухот. Така за Куманово беше кажано дека улиците се планирани за 7.000 возила, а нивниот број лани бил 28.000. Ако во минатото едно семејство не поседувало или поседувало само еден автомобил, денес едно домаќинство може да има и повеќе возила.

Лично сметам дека наративот на возилата и домаќинствата се главни загадувачи е за да се оттргне вниманието од индустријата (фабриките) и градежништвото односно претераните градежни активности. А високиот степен на моторизација е и поради тоа што се фаворизира автомобилот како средство, се прошируваат улици, булевари и слично. Тендерот за Одржлива мобилност во Скопје пропадна, БРТ проектот уште се одложува, безбедноста во сообраќајот е на многу ниско ниво. Зеленилото се сече / „пресадува“ затоа што улиците се поважни?!, а никој не ја контролира законската обврска на зеленило околу зградите што инвеститорите треба да ја направат“, рече Јовановска.

Статистичките податоци покажуваат дека во Скопје бројот на жители расте. Според последните податоци од пописот, во Скопје живеат 526.502 жители, што споредбено со пописот од 2002 година е за 19.576 лица повеќе, кога во Скопје живееле 506.926 граѓани.

Во 10-те најзагадени градови во светот често фигурира градот Лахоре во Пакистан, кој има над 11 милиони жители, Карачи во истата држава со скоро 15 милиони, потоа Њу Делхи во Индија со околу 17 милиони жители, Ханој во Виетнам со над 6.5 милиони жители. Но, на оваа мапа на најзагадени градови високо се искачуваат и балканските престолнини Белград, Сараево, Приштина.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/teksomolika

Можеби ќе ве интересира

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес