21 Мај, 2024
0.0272

УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ РЕСТРИКЦИИ, ОД 4 МАЈ ОТВОРАМЕ СЕ, Вучиќ бара уште малку трпение

Објавено во: Балкан 24 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека очигледно епидемијата попушпта, и дека со слушање на препораките од здравствената фела, животот може да се врати во нормала. 

Во Србија и овој викенд ќе биде на сила полицискиот час. Забраната за движење ќе започне денес во 18 часот и ќе трае до 5 часот во понеделник, објави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Може да бидете лути на мене колку што сакате. Ги слушав лекарите вчера и неколку дена претходно, и тие се за тоа да се продолжи забраната за движење уште најмалку две недели, особено за време на викендите, кога се најголемите гужви“, објасни Вучиќ.

Како што предупреди тој, денес ја плаќаме цената на недисциплината од пред 21 ден, кога имаше многу луѓе на улиците во текот на викендот. 

„Тоа што сега имаме подобрување, тоа се должи на претходните викенди. Нема олабавување, иако епидемијата се смирува. Сегашниот успех е резултат на последните три и пол дена недвижење. Очекуваме овие резултати дополнително да бидат потврдени во наредните денови“, рече Вучиќ.

Затоа, се планира постепено да се враќа сообраќајот во нормала, како градскио, така и меѓуградскиот. 

„Ако сè оди добро, земете сè условно, очекувам делумно обновување на воздушниот сообраќај по први мај, ќе започнеме со делумно отворање на меѓуградскиот сообраќај, а по 4 мај со делумно отворање на јавниот превоз. Нема да одиме со 100 процентен капацитет, ќе внимаваме на гужвите, но ќе мора да има најригорозни мерки, маски секако. Ќе се обидеме да ги избегнеме гужвите“, рече Вучиќ.

Тој потсети дека другите продавници стартуваат следната недела, а од 4 мај „се останато“.

„Подгответе се да започнее со работа“, рече тој, истакнувајќи дека 80 проценти од Србија не работела за време на вонреднат состојба.

ММФ проценува дека Србија ќе помине најдобро кога станува збор за економскиот раст, рече претседателот. 

„Некои луѓе мислат дека ја отвораме економијата премногу рано, но нашето стопанство мора да тргне како ракета. Треба да ги забрзаме јавните инвестиции за да го зголемиме БДП. Ќе дадеме се од себе за економскиот раст да миде меѓу - 1 и  - 1,5 проценти, дури и подобро од проценката на ММФ. Ако можеме да ги забрзаме ‚Патишта на Србија', да се движат побрзо, бидејќи тие спиеја за време на вонредната состојба. Односно работеа, но не со доволно интензитет“, објасни тој.

Вучиќ најави дека ќе излезе со ребаланс на буџетот и дека Србија ќе гледа да не го надмине дефицитот од седум проценти, со цел да можат да се спроведат сите мерки.

Фото Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!

КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!

„До кога меѓународната заедница ќе толерира насилство врз Србите“: Дачиќ по влезот во експозитурите на „Поштенска штедилница“

„До кога меѓународната заедница ќе толерира насилство врз Србите“: Дачиќ по влезот во експозитурите на „Поштенска штедилница“

„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: еве што вели сведок во случајот со малата Данка, биле во службеното возило

„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: еве што вели сведок во случајот со малата Данка, биле во службеното возило

„ГИ ВИДОВ ВО 14 ЧАСОТ И 45 МИНУТИ КАЈ ДЕПОНИЈАТА“: Сведок раскажа сѐ за средбата со убијците на Данка

„ГИ ВИДОВ ВО 14 ЧАСОТ И 45 МИНУТИ КАЈ ДЕПОНИЈАТА“: Сведок раскажа сѐ за средбата со убијците на Данка