20 Мај, 2024
0.0287

УСЈЕ и годинава се приклучува на глобалната иницијатива „Часот на планетата Земја“

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Цементарница УСЈЕ АД Скопје, годинава повторно се приклучува на глобалната иницијатива „Часот на планетата Земја“. Во периодот од 20:30 часот до 21:30 часот на 28 март, 2020 година, УСЈЕ ќе ги исклучи мелниците за цемент, а покрај тоа од електричното напојување ќе бидат исклучени и другите постројки кои не се од витално значење.

Покрај тоа УСЈЕ ги повика и своите вработени кои во овој период се во своите домови како резултат на редуцирањето на персонал согласно препораките за социјална дистанцираност заради заштита од ширење на вурисот Ковид 19, да се приклучат на оваа иницијатива од своите домови.

Со приклучувањето кон глобалната акција „Часот на планетата земја“, УСЈЕ ќе заштеди над 10 MWh електрична енергија, што е приближно на количеството енергија неопходна за напојување на околу 20.000 светилки. Со остварената заштеда на електрична енергија Цементраница УСЈЕ придонесува во намалувањето на вкупните емисии на т.н. стакленички гасови во атмосферата, кои се посочуваат како еден од главните причинители на глобалното затоплување и климатските промени.

Согласно светската препорака за социјална изолација како превенција од ширење на Ковид 19, Светскиот фонд и глобалните канцеларии на иницијативата „Часот на планетата земја“ препорачаа годинава сите активности да се одбележат виртуелно во насока на зачувување на јавното здравје и безбедност на населението.

Од декември 2008 година, Цементарница УСЈЕ е член на „Глобал Компакт“ договорот на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, компанијата се обврза дека ќе ги почитува десетте клучни принципи за добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина. Дополнително, во 2014 година, Цементарница УСЈЕ целосно ги исполни сите обврски предвидени со Дозвола за управување со оперативен план - А–Интегрираната Еколошката дозвола, а продолжи и со реализацијата на бројни општествено одговорни иницијативи во областа на животната средина.

Можеби ќе ве интересира

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан