УЖАС ВО СКОПЈЕ: МАЛОЛЕТНИЦИ СИЛУВАЛЕ МАЛОЛЕТНИК - Чинот го снимале и споделувале со други лица
Објавено во: Македонија 28 Април, 2023
Двајца малолетници од Скопје со закана силувале трет малолетник, актот го снимале и видеото го споделиле со други лица.
Громорозниот чин во полиција го пријавила мајка на нападнатото момче, но од МВР засега не откриваат детали ниту за нападот ниту за возраста на напаѓачите и нападнатото момче.
Од штурото соопштение се дознава дека во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови, мајката на нападнатото момче, случајот го пријавила во полициската станица Бит Пазар.
- На 27.04.2023 околу 22:43 часот во Полициската станица Бит Пазар, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.04.2023 двајца малолетници со закана извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот - наведуваат од МВР.