24 Мај, 2024
0.0279

ВЕ ИНТЕРЕСИРА КАКВО ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТОЈНОТО ЛЕТО ВО МАКЕДОНИЈА - погледнете ја деталната анализа, можни се и промени

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Претстојното лето во Македонија барем според најновите метео анализи нема да донесе некоја екстремна топлина и екстремно топли Африкански бранови. Напротив, температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатото лето кога имавме чести и екстремно топли Африкански бранови и истите се задржуваа кај нас многу долго, пишува метеорологот Славчо Поповски на својата официјална фејсбук страница.

„Оваа година во текот на летните месеци ќе има почести врнежи и циклонски активности. Очекуваме чести поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер, а можни се и локални поројни ПОПЛАВИ.

Исто така во Македонија ова лето очекуваме и почести невремиња со појава на град и на силни електрични празнења (громови)Можни се и штети поради временските непогоди кои се очекуваат. Температурите во најтоплите централни и југоисточни предели не би требало да надминуваат 40 степени, и ваквите температури ќе бидат поретки оваа година.

Во останатите предели од државава ќе биде посвежо.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочно анализирање на времето, промени во оваа анлиза се можни. Граѓаните најдобро е да ги следат нашите пократкорочни метео анализи и истите се далеку попрецизни.

Летото кое е пред нас и кое ќе биде со пониски температури од изминатото лето се должи на ладењето на Атмосферата во Европа. Истото е поврзано со глобалното затоплување и топењето на мразот на Антарктикот, топењето на мразот на Антарктикот ја лади и ги намалува температурите во Европа и на Балканот“, објаснува Поповски.

Можеби ќе ве интересира

Им се расипал автомобилот на Осоговски планини, па барале помош

Им се расипал автомобилот на Осоговски планини, па барале помош

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Новата влада најавува реформи во образованието

Новата влада најавува реформи во образованието

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник