(ВИДЕО) АПОКАЛИПТИЧНИ ГЛЕТКИ ОД ПОПЛАВЕНА ИТАЛИЈА: 30 мртви во невремето-најлошо е во Сицилија
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2018
Во Италија бројот на жртвите од невремето за недела дена пораснал на 30 настрадани, од кои 12 загинале на Сицили
Агенцијата Анса наведува дека меѓу жртвите на тој остров се девет членви на две семејства, вклучувајќи две деца и двајца тинејџери, кои во текот на невремето останале заробени во мала нелегално изградена куќа во Кастелдачи на подрачјето на Палермо, изградена до потокот Миличу кој и претходно предизвикувал поплави.
Италијанската агенција за цивилна заштита соопштила дека во петокот во удар на гром на Сардинија загинал турист од Германија.
Како што пренесе Ројтерс, уште едно лице, кое пред неколку дена го урдил гром, починало во болница.
Многумина животот го изгубиле поради урнати стебла.
Според проценките на Здружението на италијански економски компании, во невремето се уништени околу 14 милиони стебла на дрвја.
Најголема штета претрпеле области околу Венеција, каде поради одрони се отсечени села и патишта.