(ВИДЕО+ФОТО) ДУВЛОТО НА ИСИС: Ова е терористичкото засолниште, кое никој не се осудува да го уништи
Објавено во: Свет, Стил 23 Јануари, 2016
Браната Табка е единственото засолниште каде припадниците на Исламската држава се најзаштитени.
Експертите проценуваат дека, доколку се сруши браната, ќе бидат поплавени делови од Ирак и Сирија.
Токму тука се кријат припадници на ИСИЛ, бидејќи сметаат дека никој, ниту американските ниту руските сили не сакаат да ја срамнат со земја браната, бидејќи тоа би имало несогледливи последици.
Браната е долга околу 4,5 километри и е висока околу 183 метри. Се верува дека терористите во браната држат и затвореници, а Табка им служи како бункер отпорен на бомби. Во тој бункер засолниште наоѓаат многу високопозиционирани команданти на џихадистите.
Табка се наоѓа на околу 40 километри од Рака, престолнината на ИСИС. Ја чуваат добро вооружени странски борци, а никому не му е дозволен пристап, освен на милитантите.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=YCAQuH1XfNY&feature=youtu.be[/embed]