(ВИДЕО) ХАОС НИЗ УЛИЦИТЕ ВО ПАРИЗ: Првомајските протести ескалираа
Објавено во: Свет 01 Мај, 2019
Илјадници луѓе се собраа во Париз по повод 1 мај- Денот на трудот. Иако Меѓународниот ден на трудот во главниот град на Франција беше под силни безбедносни мерки, сепак демонстрантите се судрија накратко со полицијата.
Во немирите полицијата употребила и солзавец, објавија европските медиуми. Демонстрантите носеле синдикални знамиња и жолти елеци.
Според последните информации во немирите се приведени околу 160 лица.
Видео RT
Фото RT