21 Мај, 2024
0.0304

(ВИДЕО) ИСПОВЕД НА БЕГАЛЕЦОТ КОЈ ВО КАМИОН СО ЛАДИЛНИК ПРЕЖИВЕА ДО БРИТАНИЈА: Уште ме прогонува врисокот на луѓето

Објавено во: Свет 25 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Шокантното откритие на 39 тела во приколка со камион - ладилник на југот на Англија го потсети на своето патување Ахмад Ал-Рашид, сириски бегалец. За 55 дена, тој ги правеше видеата и ги стави на располагање на BBC за документарен филм.

„Немам зборови со кои ќе опишам што чувствувам. Моите сеќавања за целиот хорор низ кој минав во 55 дена патувајќи со камион и брод се вратија, го преживеав дури и патувањето на ладилниците со месо и пилешко. Но, јас имав среќа, мојата приказна има среќен крај. Јас живеам во Англија и заработувам пари за моето семејство и моите мали ангелчиња.


Овие луѓе немаа среќа, ги загубија животите. Сочувство до сите семејства на жртвите и ве молам бидете луѓе“, напиша сирискиот бегалец Ахмад Ал-Рашид откако беа пронајдени 39 тела во камион со ладилник на југот на Англија.

Тој е еден од протагонистите на документарецот на БиБиСи „Егзодус: Нашето патување во Европа“. Меѓу другото, неговите снимки од камионот откриваат во какви полоши услови мигрантите се обидуваат да стигнат до Западна Европа. Тој бегаше од ужасите на војната во Алепо.

"Ова е трагедија. Размислувам за семејства на луѓето кои починале ... И јас сам се возев во неколку вакви камиони во 2015 година. Еднаш, два часа бевме заклучени во фрижидер. Стоевме паркирани. Не можевме повеќе да дишеме, беше страшно ладно, се замрзнувавме. Луѓето почнаа да кашлаат. Почнавме да тропаме за да не слушнат криумчарите, за да ни отворат бидејќи камионот беше затворен однадвор. Не можете да излезете. Зависите од тоа дали криумчарот може да ве чуе“, Рече Ахмад.


Тој и ги отстапил снимките од 55-дневното патување ма Би-Би-Си. Се обидувал да го сними ужасот низ кој минуваа и другите мигранти. Тој буквално барал криумчари низ градот кои би можеле да му помогнат да го премине каналот Ламанш. За жал, тоа беше единствениот начин ...

„Кога ќе погледнам назад низ што поминав, размислувам: „ Невозможно е да се преживее. Никогаш не требаше да го сторам тоа. “Но, треба да ги разберете околностите, тогаш тоа беше прашање на живот или смрт. И кога ќе ме ставите во иста ситуација, бомбардирање и гранати во Сирија, или тоа, јас повторно би го избрал истото-рекол Сириецот, кој година дена по доаѓањето во Велика Британија успеал да ги префрли жената и децата од Алепо.


Ладилникот пристигнал од Белгија

„Сè уште сум прогонуван од врескањето на луѓето што беа во таа приколка, на тие бродови, заробени со мене. Никогаш нема да ги заборавам тие очи. Нема воздух, нема светлина ... Ништо освен мирисот на смртта. Никој не би го избрал тоа без да мора, верувајте ми. Овие луѓе се очајни. Само сакав да најдам мирно место за живеење таму каде што не би морал да се плашам за животот на моите деца “, рече Ахмад.

Камионот со бугарски регистарски таблици и неговата приколка имаа сосема различна рута, се покажало вчера. Ладилникот стигнал со траект од белгискиот град во пристаништето Есекс, додека возилото се чекало во пристаништето.

Уапсениот возач, 25 годишниот Мо Робинсон од Северна Ирска, товарот го презел едвај половина час пред да ги открие телата во внатрешноста, покажале снимките на надзорните камери. Полицијата засега не објавила дали знаел како товар превезува.


Можеби ќе ве интересира

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите