(ВИДЕО) Најголемиот производител на авто-делови го најави своето доаѓање во Македонија
Објавено во: Економија 19 Август, 2020
Видечкиот производител на авто-делови во светот, компанијата „Магна“, на социјалните мрежи потврди дека наскоро ќе започне со реализација на својата инвестиција во Македонија.
„Во Магна, продолжуваме да одиме напред и остануваме фокусирани за подобро да им служиме на нашите клиенти низ целиот свет. Возбудени сме да го објавиме почетокот на изградба на нашата прва фабрика во Северна Македонија. Објектот од 17.000 м² ќе произведува ретровизори и сигнализација“, се огласи Магна, постирајќи и видео.
Владата до сега нема потпишано договор со гигантот, но го најави неговото доаѓање на крајот од минатата година, кога беше потврдено од нивна страна дека доаѓаат во земјата и дека имаат регистрирано фирма.
„Магна“ произведува за General Motors, Ford Motor, FCA, BMW, Mercedes, Volkswagen и Tesla Motors.