(ВИДЕО) ОД ОВОЈ МОСТ НЕМА ПОСТРАШЕН: Ако сте храбри погледнете го видеото
Објавено во: Свет 04 Мај, 2019
Пешачкиот мост Скајбриџ во Галтинбург, Тенеси, ќе се протега 200 метри преку долината во Смоуки планините и се отвора за јавноста на 17 мај.
Ако се плашите од височина, можеби ќе сакате да стоите подалеку. Мостот има стаклени подни плочи во средината кои ви овозможуваат да го видите тлото оддалечено 140 метри.
Мостот е дел од Скајлајт паркот, кој има жичара која ги води патниците до висина од 152 метри од Галтинург до врвот на планината Крокет. После отворањето на мостот, посетителите ќе може да се симнат од лифтот на врвот да преминат преку мостот и да уживаат во погледот.
Седиште чини 15 долари за возрасни и 12 долари за деца.
Ѕирнете во оваа авантура во видеото:
Нема временско ограничување за преминување на мостот, стои на интернет страницата на паркот.