20 Мај, 2024
0.0281

(ВИДЕО) Шверцувале говеда во Албанија, заработиле 325 илјади евра!

Објавено во: Агробизнис 28 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Полицијата уапси осум од вкупно 13 члена на криминална група, осомничена за шверц на добиток од Македонија во Албанија. Меѓу уапсените е и полициски службеник кој го помагал шверцот. Од пријавените, седум се со двојно македонско и албанско, тројца со македонско државјанство, сите од Ресен и Битола, и уште тројца се албански државјани кои се и организатори на групата, соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Криминалната група откриена во акцијата „Милка“ две години организирала и се занимавала со купување, транспорт, складирање и криумчарење на телиња и јунци избегнувајќи ја полициската и царинската контрола. Добитокот го купувале од сточните пазари во Македонија во Битола и во Кривогаштани - Прилеп, по што со товарни моторни возила го транспортирале до штала во Битола, а потоа во шталата во колективниот прифатен центар „Царина" во село Стење, Ресен. Откако ќе добиеле „одобрување" од полицискиот службеник вработен на ГП Стење, дека на зелената линија на македонско албанската граница нема полициски патроли, добитокот го прокриумчарувале од Македонија во Албанија, каде бил превземан од членовите на криминалната група од Албанија, транспортиран и продаван на пазарите во Тирана и други градови. Во Македонија добитокот го купувале по цена од две евра за килограм, а во Албанија го продавале за 5-6 евра, со што од 2012 година заработиле околу 20 милиони денари или над 325 илјади евра.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?