(ВИДЕО) СНЕГ ВО ЈУНИ: На патиштата сообраќајот е отежнат
Објавено во: Свет 11 Јуни, 2018
Шкотска се соочи со силнo невреме кое донесе грмежи, град, поплави, дури и снег во јуни.
Поплави предизвикани од силни врнежи носеле автомобили во градот Берзден, додека во Лензија гром погодил куќа и ја запалил. По ударот од гром куќата на семејството Малком целосно изгорела, изјавил Франк Малком татко на две деца.
На патиштата сообраќајот е отежнат.
На автопатот А9 недалеку од градот Стерлинг врнело и снег.