(ВИДЕО) ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Министер падна по скали
Објавено во: Свет 29 Октомври, 2019
Германскиот министер за земјоделство, Питер Алтмајер падна од бината на „Дигиталниот самит“ во Дортмунд, по што е задржан во болница.
Тој по излегувањето падна од бината откако ги промаши скалите. После падот тој кратко останал и без свест.
Лекарите на итната помош го прегледале министерот и го префрлиле во болница.
Настанот продолжил откако Алтмајер е префрлен во болница, а претставување на проектот за европската платформа за податоци е објавен без присуство на министерот.