20 Мај, 2024
0.0249

(ВИДЕО) Зел мито 200 евра за да му набави трактор преку ИПАРД

Објавено во: Агробизнис 16 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи уапси службеник во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство под сомнение дека примил поткуп од 200 евра од земјоделец, за да му издејствува тој да набави трактор преку програмата ИПАРД. Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, 33-годишниот службеник во март побарал мито од оштетениот, а земјоделецот случајот го пријавил во полиција. Службеникот пред два дена се сретнал со земјоделецот за да ги земе парите. По средбата, полицијата го претресла уапсениот, кај кого ги пронашла четирите банкноти од по 50 евра, кои биле претходно обележани, како и документација во фотокопија. Бил извршен претрес и во неговиот дом каде била пронајдена разновидна документација од Агенцијата за финансиска поддршка за развој на земјоделството и рурален развој. На уапсениот му е изречена мерка притвор во траење од 8 дена. http://www.youtube.com/watch?v=ra14hVY2Z9Y Од 2006 година до денес, регистрирани се повеќе од 50 случаи, во кои Министерството за внатрешни работи интервенирало против јавни службеници и биле покренати обвиненија против повеќе од 450 вработени во државните институции.  

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?