20 Мај, 2024
0.0271

(ВИДЕО) Земале субвенции за непостоечко стадо!

Објавено во: Агробизнис 26 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Полицијата уапси шест лица во акцијата „Тера“, меѓу кои и инспектори од Министерството за земјоделство и раководител во Агенцијата за храна и ветеринарство, како и сточари. Сите се осомничени за злоупотреба со државните субвенции за сточарство. Двајца сточари од скопско блаце две години внесувале лажни податоци за непостоечко стадо од 500-тини овци и јагниња. Овие податоци ги внесувале нивните пријатели вработени во државна администрација по што им се исплаќале субвенции. На овој начин државниот буџет го оштетиле за 55.000 евра. Еден сточар и натаму е во бегство. „Двете службени лица од државниот инспекторат за земјоделие при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја злоупотребиле службената положба и овластување односно извршиле фалсификување на записниците за извршен инспекциски надзор во кој внесувале невистинити податоци за надзорот и утврдена состојба на бројката на добитокот“, објасни министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Еве како течеше полициската акција за апсење на осомничените: http://www.youtube.com/watch?v=xaH_pVmahVg

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?