(ВИДЕО+ФОТО) ГРАД НА ДУХОВИ: Се е пусто, а дрвја растат на покривите
Објавено во: Свет 02 Ноември, 2018
Во напуштен советски град во Абхазија, природата буквално победила, затоа што е пусто, а дрвја растат и на покривите.
Во лето Акармара може едвај да се види од воздух, затоа што е покриен со зеленило.
Градот е напуштен од 1990 година, па природата го направила своето.
Од 1992 до 1993 година, кога имало војна со Грузија, луѓето избегале.
Порано градот имал развиена инфраструктура, пазар, болница, ресторани.
Но, сепак во градот има само неколку семејства, кои преживуваат на свој начин, без она што го носи модерното време.