20 Мај, 2024
0.0240

Владата бара преработувачите да го откупат вишокот свинско месо

Објавено во: Агробизнис 17 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Преработувачите да откупат од 180 до 200 тони свинско месо за да се реши дисбалансот на македонскиот пазар. Министерот за земјоделство Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски за ова утре ќе разговараат со претставниците на преработувачката индустрија. Во моментов има одреден вишок од свинско месо на македонскиот пазар, но од Владата се уверени дека има простор откупот да се зголеми и проблемот да се реши. Иако во изминатиот период одгледувачите реагираа на отежнат и намален извоз на македонското јагне, податоците на институциите се поинакви. Според нив, извозот на јагне на странските пазари е солиден, па дури и подобар од лани. „Агенцијата за храна ќе ги направи сите напори за олеснет извоз, без какви било проблеми иако конкуренцијата на регионалниот пазар е изострена, посебно од Романија и Бугарија. Со оглед на нашите традиционални врски со Грција, Хрватска, Италија, сметаме дека ќе има поголема динамика на пласманот на македонско јагне“, вели Димовски. „До вчера се извезени 38.000 јагниња што е мало зголемување во однос на истиот период лани. Ја пратиме ситуацијата на терен, ги преземаме сите активности во наша надлежност за да го олесниме извозот, очекуваме интензивирање во претстојниот период“, додаде Рунтевски. Според министерот и директорот на Агенцијата за храна, во Македонија се продава квалитетно млеко, а досегашните испитувања не покажале ниту еден позитивен резултат за присуство на патогени бактерии или други штетни честички во млекото. Затоа и бројот на мостри е намален, па наместо еднаш неделно, домашното млеко се испитува еднаш на две недели, објаснуваат надлежните институции. За млекото од увоз, пак, се испитува секоја пратка поради информациите за нова појава на афлатоксини во Србија.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?