20 Мај, 2024
0.2600

Владимир Куновски: Крвавиот четврток означи крај за транзициска Македонија, очекувам нова власт за фер судење

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

“Јас сум граѓанин малку погласен од другите, кој е загрижен за судбината на сопствената држава, која е киднапирана од криминална банда. Многумина платија висока цена, а  сите неповратно изгубивме 12 години. Ако има нешто позитивно во целата работа е тоа што научивме дека сите како граѓани треба да бидеме постојано будни и активни во сите општествени процеси за да го обликуваме општеството по наша мерка и да не дозволиме повторно некој да ни ја украде државата” – вака Владимир Куновски кој беше  еден од обвинетите за учество во толпа која ја демолираше народната канцеларија на Иванов гледа на општествените состојби на одбележувањето на денот на работникот, граѓанинот.

Вели сите влади во независна Македонија без исклучок, тежнееја кон целосна контрола на општествените процеси и настојуваа да постават свои луѓе на чело на студентските организации, земјоделските и пензионерските здруженија и синдикатите, а челниците водени од своите лични интереси само формално ги штитат интересите на своите членови и сите нивни активности се во координација со Владата на која и служат како декор. Во Македонија како што објаснува долго време беше потиснувано и заробено синдикалното движење, а секое здраво општетство се базира на здрави независни синдикати ослободени од корупција.

“Поделеноста во синдикалните редови постои, еден дел се под закрила на власта и добиваат огромна поддршка,а другиот дел се независни кои навистина работат во интерес на своите членови, но имаат инститиционална блокада. Во услови на таква блокада многу тешко е некој од независните синдикати да се избори за подобрување на условите за своите членови или да направи некој исчекор. Во нормална држава токму независните синдикати би се избориле за подобрување на работничките права”- потенцира Куновски.

Според него и во 21 век не може да се зборува за работнички права поради две децениската висока стапка на невработеност, клиентелизмот на челниците на синдикатите на администрацијата и поради немање на голем и значаен синдикат. Суштината на левицата вели е во борбата за работнички права, подигање на работничката свест, во контекст на охрабрување да му се спротивстават на либералниот дух кој овде владее две и пол децении. Современата левица би требало да тежнее кон фокусирање на јавноста кон проблемите на работникот, условите за работа, висина на плата, родова рамноправност, правото на здравствено осигурување, на годишен одмор и над се борбата со општествениот канцер - елиминирањето на партизираноста при вработувањето, уценувањето на работниците и во приватниот и во јавниот сектор.

“Не би можеле да зборуваме за работнички права кога владата се  рекламира во странски медиуми, а се фали во домашни со плата од 12.000 денари. Тие пари се далеку од доволни за основен живот дури и според месечната потошувачка кошничка на Државниот завод за статистика за четиричлено семејство од 32.000денари. Молчењето е поради две децениската висока стапка на невработеност ( преку 25 %), поради клиентелизмот на челниците на синдикатите на администрацијата и поради немање на голем и значаен синдикат кај вработените во малите фирми кои се 80% од вработените во приватниот сектор”- додава Куновски.

Тој беше активен во Шарената револуција која остро се спротистави на одлуката за аболиција на претседателот Иванов. Вели тоа беше чиста и отворена борба против криминалното владеење и узурпирање на институциите и системот. Деновиве на улица се гледа нешто друго.

“Мисијата на т.н. иницијатива За заедничка Македонија или попозната како Директорска револуција не се исполни бидејќи се избра нов претседател на Собранието и не се одговори на насилството односно не се предизвикаа поголеми граѓански или меѓунационални судири од кои ќе профитираа криминалните челници на ДПМНЕ. На 27 Април 2017 год. официјално престана да постои транзициска Република Македонија. Пред нас е преоден период од 2-3 години во кој треба повторно да се вратат институциите во служба на граѓаните, да се расчисти со криминалот од 1991 год,сите политички поврзани криминалци да се однесат пред суд и да се постават темелите на новата, граѓанска Република Македонија. Ова е историски момент во постоењето на независна РМ, бидејќи за 27 години излезе целиот криминал  на виделина, паднаа маските на многумина, а од другата страна остана мал дел од граѓаните кои условно кажано останаа чисти и постојано беа на страната на вистината. Токму во тоа мало јадро ја гледам идната сила да почнеме од ново и да изградиме квалитетно, правично и силно граѓанско општество”- вели Куновски.

Пред повеќе од една година тој беше приведен за учество во толпа која ја демолираше народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопе. Судскиот процес вели сеуште не е започнат поради силните притисоци врз судиите

”Досега имаше само 1 рочиште кое беше прекинато поради  некомплетни докази од страна на обвинителството. Одложувањата  (првите 3-4) беа поради неспремност односно ненавремено доставување на докази од ОЈО и субјективни ( болест на судијката и мои здравствени проблеми). Неофицијално, судијката има голем притисок да ни досуди затворска казна па сите чекаме нова влада за фер судење”- раскажува Куновски.

Тој беше и еден од раководството во левичарското движење кое претрпе тектонски промени во внатрешната структура и делувањето на поединци. Јазот според него е одраз на одсуството на демократска култура.

“Сметам дека јазот во левичарското движење се создаде поради недостаток на капацитет на одредени истакнати поединци, нивна самобендисаност, отсуство на демократска култура,  лично неискуство и непознавање на работите на терен, но највеќе поради авторитарниот карактер и неприфаќање на дијалог при донесување на одлуки. Или со други зборови кај најдовме со канцелариски професори и дечишта- салонски револуционери да ја оправаме државата. Во изминатиот период се направи еден вид на филтрација на луѓето и очекувам токму од левичарските движења да дојде свежата крв во македонската политика”- додава Куновски.

 Главните одредници за успех на идната реформска влада кои според него ќе бидат клучни за успех се реваншизмот и категоријата заслужни граѓани. Во годините што претстојат вели не смееме да подпаднеме на нашите емоции и да се оддадеме на класичен реваншизам, туку треба да дозволиме и помогнеме сите политички поврзани криминалци да добијат правично судење. Истовремено додаа не треба повторно да се појави категоријата заслужни граѓани, туку треба да се отвори патот за најдобрите, најкреативните и чесните со кои ќе се вратат високите критериуми во сите сфери на општеството.

“Доколку успееме да ги надминеме овие две точки тогаш ќе изградиме општество со вистински вредности и конечно ќе станеме нормална држава”- порачува Куновски.  

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција