Влатко Илиевски си поднесе оставка на функцијата независен неизвршен член на Одборот на директори на Македонска берза
Објавено во: Економија 12 Октомври, 2016
Влатко Илиевски си поднесе оставка на функцијата независен неизвршен член на Одборот на директори на Македонска берза.
„Согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност, известуваме дека со Решение на
Централен Регистар на Република Македонија од 03.10.2016 година извршено е бришење на Влатко Илиевски од функцијата независен неизвршен член на Одборот на директори на
Македонска берза АД Скопје поради поднесена оставка“ - информираат оттаму.
Станува збор за сопругот на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Илиевски, како поранешен советник во кабинетот на претседателот на Владата е поставен за независен член на одборот на директори на Македонска Берза во 2013 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.