26 Ноември, 2024
0.0269

Влегуваме во разрешница или во опасна фаза?

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Влегуваме во разрешница или во опасна фаза?

Со секој изминат ден без договор за парламентарно мнозинство, се заострува реториката што доаѓа од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Последната директна порака оттаму беше упатена и кон СДСМ и кон ДУИ.

По средбата на највисокото раководство со амбасадорката на ОБСЕ, на чело со лидерот Никола Груевски, во соопштението немаше ни малку дипломатски речник, туку заканувачки зборови во случај ако ВМРО-ДПМНЕ не направи влада.

„Секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се наведува и дека принципот за коалицирање победник со победник не смее да биде прекршен. Груевски упати ипорака до довчерашниот коалициски партнер, Али Ахмети.

„Доколку сега се отстапи од тој принцип, и  свесно се прекрши, секој еден кој во иднина кога ќе се сменат околностите, ќе помисли да дојде и повторно да се обиде да не убедува да го воспоставуваме тој принцип, треба да знае дека без дискусија ќе биде избркан од штабот на партијата, а партијата ќе коалицира со кого ќе оцени дека е најдобро за самата партија и земјата, како што е и во другите држави“, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

Ахмети и Заев на жешка линија, на терен потпретседателите

Претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети во партиските седишта на Бихаќчка и во Мала Речица имаат внатрепариски консултации по состанокот на двете партиски делегации.

Двете партии засега се далеку од конкретни дискусии по специфични политички прашања и од поделба на ресори. Иако, протекоа информации дека од СДСМ имало конкретен предлог, прво да се договори парламентарно мнозинство и да се соберат 61 потпис за да се добие мандатот од претседателот Ѓорѓе Иванов, а потоа да се премине на разговори за идната Влада.

Шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби изјави дека ако СДСМ ја прифаќа заедничката платформа на албанските партии, во која е и официјализирање на албанскиот јазик, ќе нема друга пречка за формирање коалиција.

“Не гледам причина зошто да не прифатат. Верувам дека тоа ќе го одразат и не гледам причина зошто ниту еден Македонец да не прифати, бидејќи оваа платформа и помага на социјалната кохезија, граѓанската еднаквост, и е добра за Република Македонија. Дали мислите дека преговорите ќе можат да завршат брзо, ако постои таков дух? Ако има конструктивен дух и ако постои подготвеност да се рефлектираат овие потреби, да, апсолутно да.” , изјави Груби.

Брисел очекува силна влада со европска агенда, ВМРО-ДПМНЕ бара нови избори

За политичката ситуација, на лидерско ниво, ќе се разговара и в четврток кога во Скопје ќе допатува еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, рече дека очекува посетата на еврокомесарот Хан, да ја потврди изборната волја за промени.

„Од посетата на Хан очекуваме да се потврди дека Македонија, по изборите на 11-ти декември, треба да добие политичка влада која ќе ги спроведе неопходните реформи“, вели Шилегов.

Европската Унија не сугерира кој треба да влезе во новата Влада во Македонија. Но, очекува Влада со широка поддршка во парламентот за да остане земјата на евроатлантскиот пат, ја повтори пораката на Брисел, евроамбасадорот Самуел Жбогар.

„Тоа зависи од партиите во парламентот да решат каква коалиција ќе формираат, ние немаме став за тоа. Она што е во интерес е силна коалиција во поширока смисла, што значи и владата и опозицијата да ја поддржат европската агенда. Во тој контекст гледаме една силна Влада која ќе притиска и ќе работи на ЕУ агендата и ќе направи напредок. Таква агенда ќе и треба широка поддршка, не само од партиите во владината коалиција, туку и од опозицијата“, изјави Жбогар.

И додека сите инволвирани страни упатуваат пораки за формирање на влада, единствено ВМРО- ДПМНЕ останува на ставот за нови парламентарни избори, кои од економска гледна точка во смисла на трошоци за изборите, како и другите проблеми кои ги создава секое организирање избори, би било најдобро да се спроведат за време на локалните избори.

Ј.М.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите