20 Мај, 2024
0.0283

ВМРО ДПМНЕ најавува 600 милиони евра за аграрот, дали ќе се искористат за вистинската цел?

Објавено во: Агробизнис 07 Април, 2014

Добивај вести на Viber

ВМРО ДПМНЕ во новата програма за земјоделство предвидува нови мерки за поддршка на аграрот. Во наредните 4 години во змејоделството ќе се инвестираат 600 милиони евра, велат од владејачката партија. „Поддршката за развојот на македонското земјоделство и развојот на македоснките села ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи и во идниот четиригодишен период. Со уште повисоки финансиски средства, со дополнителни проекти и мерки. За таа цел во новата програма предвидуваме највисока поддршка за македонското земјоделство, што досега е забележана.  600 милиони евра за развојот на македонското земјоделство, изјави заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски. Оваа мерка ВМРО ДПМНЕ ја предвидува во новата изборна програма, со која меѓу другото се надева и на освојување на гласовите на земјоделците. Инаку во претходните години Владата ја зголеми поддршката за земјоделството, која годишно изнесуваше околу 120 милиони евра. Сепак, дел од експертите и опозицијата велат дека владините субвенции во земјоделството не ги дале очекуваните резултати. Според нив, субвенциите повеќе се социјална мерка, отколку мерка што придонела за раст на земјоделското  производството.  

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?