ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа никакво барање од СЈО и Јанева
СЈО е портпарол на СДСМ. Помеѓу тие два субјекта нема никаква разлика. СЈО е дел од СДСМ, сметаат од власта.
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2016
ВМРО-ДПМНЕ воопшто нема да прифати разгледување на било какво барање и предлог кој потекнува од страна на Специјалното јавно обвинителство, а е надвор од законот за СЈО договорен од четирите партии согласно договорот од Пржино, соопштија денеска од владејачката партија.
- Никакво ново договарење, предоговарање или проширување на веќе постигнатата согласност не може да биде прифатено за разгледување од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. СДСМ е портпарол на СЈО, а СЈО е портпарол на СДСМ. Помеѓу тие два субјекта нема никаква разлика. СЈО е дел од СДСМ, сметаат од власта.
ВМРО-ДПМНЕ ги повтори барањата до Катица Јанева јавно да се извини на граѓаните, пратениците и Собранието на Република Македонија како највисок законодавен дом за, според нив, „упатените навреди и оспорувањето на легитимитетот и за нестручното, непрофесионално, неодговорно, дрско и арогантно однесување во Собранието“.
Инаку пратеничката група на СДСМ и здружената опозиција, до Собранието доставија барање за свикување итна седница со две точки на дневен ред: 1. Предлог закон за измена и дополнување на Законот за заштита на сведоци и 2. Предлог закон за измена на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите или Специјалното Јавно Обвинителство.
- Со донесување на овие закони, ќе се поддржат барањата на независната институција Специјално јавно обивнителство со единствена цел: да се овозможи непречена работа и остварување на целта за неговото формирање, изјави денеска Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.