Во духот на “Stronger Together”, одбележано 15-годишното постоење на ИТД Дистрибуција, лидер во дистриуцијата на ИТ производи во Македонија
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2022
Изминатиот викенд, на брегот на Охридското езеро, се одржа настан на ИТД МК и Dell Technology , со што воедно го прослави и своето 15-годишно постоење со носечкиот бренд на компанијата DELL.
Вo прекрасна атмосфера, расположение и добра забава, многубројните соработници, партнери и колеги ја потврдија својата лојалност, доверба и посветеност во изминатите години.
Споделија новини кон кои се стремат, планови за периодот којшто следи и поддршка за надминување на предизвиците пред кои се исправени.
Фокусирани на иновации и технологија, претставниците од DELL Technology, ги охрабрија своите парнери за нови пофати од областа на ИТ можностите.
Биљана Шеновска, генерален менаџер на ИТД Дистрибуција, компанија членка на Инфософт групацијата, по овој повод ја најави и новата кампања “5-ка за DELL”,
а се однесува на продолжена гаранција од уште две години на G и Vostro сериите, како најбарани од портфолиото на DELL.
ПР објава