Во Кривичен ќе бидат сослушани осомничените во „Трезор“
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2016
Четири лица осомничени во случајот „Трезор“ денеска треба да се појават на сослушување кај судија на претходна постапка, соопштија од Кривичниот суд.
Судот испратил покани до странките и лицата опфатени со предлозите и закажаа нивно сослушување кое ќе треба да се направи во текот на денот.
Специјалното јавно обвинителство деновиве отвори истрага „Трезор“ по сомнение за проневера на вкупно 862 045 евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата Управа.
За злоупотребата се товарат тројца вработени во УБК и еден во МВР за кои СЈО смета дека проневериле државни пари. За едно лице СЈО бара притвор, а за останатите мерки на претпазливост. Тие се осомничени дека ја злоупотребиле службената положба.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.