Добивај вести на Viber
Вработените во Фондот за здравственото осигурување излегоа на протест откако Управниот одбор не донесе одлука за усогласување на платите на 830 вработени согласно растот на минималната плата, како и одлука со која би се потврдила сегашната вредност на бодот за платите на вработените.
„За жал, на оваа седница на Управниот одбор се донеле сите одлуки по сите точки на дневниот ред, а кога почнала да се дискутира точката за вработените истата се одложила и тоа не за ден – два, туку по завршување на изборите“, соопшти ФЗО..
Одтаму сметаат дека практично по 31 мај 2024 вработените ќе добијат плата помала за 15 отсто,бидејќи актуелното решение на Влкадата е краткорочно.
„Да ве потсетам дека во месец февруари оваа година Синдикатот на УПОЗ организираше штрајк во ФЗО токму поради тоа што некој сакаше да ги намали платите на вработените. Но очигледно е дека и покрај одржаниот штрајк и покрај сите укажувања до раководството на ФЗО наместо проблемот да се реши истиот се стави под тепих за да на крај да се закаже задоцнета седница на управниот одбор и прашањето кое од животна егзистенција за вработените да се одлага по завршување на изборите.
Затоа, сакам да ги повикам сите надлежни органи да си го загреат столчето и да изнајдат решение за овој проблем бидејќи истиот не е од вчера.
Ги повикуваме раководството на ФЗОМ и управниот одбор да закажат итна седница на која ќе се донесат одлуки и за усогласување на платата и за зачувување на сегашните плати на вработените.
Ја повикуваме и Владата да си ги заврши преземените обврски, и да даде препорака за утврдување на сегашната вредност на бодот и по месец мај 2024 година“, истакна претставникот на синдикатот.
Доколку не се реализираат барањата на Синдикалната организација при ФЗОМ односно не биде усогласена платата со минималната плата, не биде утврдена вредноста на бодот за платите од месец јуни и не се назначи ново Управен одбор, од 01.06.2024 година, вработените во Фондот ќе го активираат повторно ШТРАЈКОТ кој е ставен во мирување од месец февруари.