20 Мај, 2024
0.0251

Врнежите можат да го уништат пчеларството!

Објавено во: Агробизнис 22 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Врнежите кои во изминатиот период ја зафатија Македонија не предизвикаа штети во земјоделството, но затоа пчеларството е под сериозна закана. Можно е масовно угинување на пчелните семејства зашто пчелите немаат услови да излезат надвор од кошничките и да обезбедат храна за веќе формираните ларви, предупредуваат агрометеоролозите. „Снижувањето на температурите, повремените врнежи и ветерот влијаат крајно негативно врз пчеларството. Можно е да изумрат многу пчелни семејства поради недостиг на храна. Пчелите не се во состојба да излезат надвор, а дождот го измива поленот“, вели Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи. Наспроти ова, дождот се покажува полезен за земјоделските култури, особено за есенските кои се во фаза на вретенење и класање, во која е потребно и поголемо количество вода. Кај јаболката во Преспа кои процветаа штети нема да има иако на некои се задржаа тенки слоеви снег. Тоа само може да го проретчи плодот, да влијае врз квантитетот, но не и врз квалитетот, проценуваат агрометеоролозите. Во наредните денови се очекува да продолжи нестабилно време со дожд, а на некои места и град, без поголемо намалување на температурите. Како што информира Рада Бојковска од хидролошкото одделение при УХМР, нивото на водостоите е зголемено и поради најавените обилни врнежи во одредени делови од државата, можни се локални излевања на критичните места Струмичко, Пелагонија, Полог, Пелинце.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?