Добивај вести на Viber
Петанесетина дена беа доволни за 2000 луѓе во Хрватска да останат без работа. Доколку продолжи со тоа темпо се очекува во 2013 година во оваа земја да има најмалку 350.000 невработени.
Моментната бројка е 347.859, додека бројот на слободни работни места е 3.421, односно помалку отколку пред две недели, јавија хрватски медиуми.
Во шест месеци од примената на Законот за поттикнување вработување, бројот на невработени се зголеми за 40.000 односно за 13 отсто.