За ремонт на РЕК Битола 12 милиони евра
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2017
Државната компанија за производство на струја ЕЛЕМ, склучила договори вредни близу 12 милиони евра за ремонт на РЕК Битола. Договорите се склучени со повеќе домашни компании, на 10 јануари годинава. Но, во нив е наведено дека се однесуваат за ремонтни активности за минатата и оваа година.
Битолската централа, изминатиов период имаше неколку дефекти на блоковите а во едниот случај, во најладните зимски денови, мораше да се прави и интервентен увоз на струја, што земјава ја чинеше дополнителни два милиони евра. Од објавените договори за ремонт, не може да се заклучи, дали и поправките на дефектите што се случија периодов се вклучени во овие договори.
А, пред четири години за ревитализација на два блока во РЕК Битола, се потрошија околу 100 милиони евра.
Сепак, и покрај дефектите и дополнителниот увоз на струја, од ЕЛЕМ велат дека тоа нема да биде причина за да бараат зголемување на цената на струјата за трошоците направени во тој период.
РЕК Битола, изминатиот период е во центарот на вниманието не само заради дефектите, туку и поради истрагите што Специјалното јавно обвинителство ги води, а во кои истражители на СЈО минатата година ја посетија и РЕК Битола, но и ЕЛЕМ. За ЕЛЕМ се отвори и уште еден случај, за сомнителна набавка на софтвер во компанијата, во вредност од 4 милиони евра.
Но, иако одамна сепак, ЕЛЕМ и РЕК Битола не е првпат да бидат под истрага. Па така Јавното обвнителство во 2010 година, отвори постапка против 12 тогашни и поранешни директори и раководители кои се сомничеа за проневери направени во 2008 година, кога се тврдеше дека потпишувале нереални фактури, оштетувајќи ја централата за 7 милиони евра. Сепак, иако случајот беше обелоденет во јавноста помпезно, подоцна немаше информација како заврши.
Наташа Стојановска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.