За што ќе зборуваат бившите партнери ВМРО ДПМНЕ и ДУИ на денешната средба?
Објавено во: Македонија 03 Март, 2018
Прва официјална средба меѓу лидерите на ВМРО ДПМНЕ И ДУИ закажана за денес.
Средбата ќе биде помеѓу лидерите, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.
Како што најави Мицкоски, на средбата ќе стане збор за актуелната политичка и економска состојба во земјата. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ има свои факти и аргументи за подобрување на животот на граѓаните и тие ќе ги презентира на средбата.