ЗА ТУРИСТИТЕ: Ќе мора да платите ако сакате да влезете во овој град
Објавено во: Свет 24 Октомври, 2019
Венеција ќе им наплатува на туристите за влез во градот.
Луѓето кои ќе сакаат да влезат во градот, за тоа ќе мора да платат најмалку три евра. Во екот на сезоната цената ќе се зголеми на шест до осум евра. Во случај да не се испочитува оваа мерка следат казни од 100 до 450 евра. Оваа новина ја соопшти градската управа. Мерката се однесува на еднодневните излетници и на патниците во крузерите, но не и за туристите кои ќе престојуваат во хотели.
Венеција живее во туризам, но масовниот туризам станува проблем. Венеција има повеќе од 80.000 еднодневни туристи, или повеќе од бројот на жителите на градот, кој сега изнесувал околу 53.000 или скоро двојно помалку во однос на пред половина век.
Читајте уште
ДЕСТИНАЦИИ НА LONELY PLANET ЗА 2020: Македонија се најде на трето место