Забрана за патување во САД за уште три земји - кое е објаснувањето на Трамп?
Објавено во: Свет 25 Септември, 2017
Граѓани на уште три земји ќе имаат забрана за патување во САД.
Северна Кореја, Венецуела и Чад се три нови држави кои се ставени на списокот на Соединетите Американски Држави за кои се применува контроверзната забрана за патување.
Северна Кореја и Чад се соочени со целосна забрана, додека забраната за влез во САД за Венецуела се однесува на владини претставници и нивните семејства.
Претседателот Доналд Трамп нагласи дека безбедноста на Америка е приоритет.
„Да ја направам Америка безбедна е мојот приоритет број еден. Немa да ги пуштиме во земјата оние кои не можеме безбедно да ги провериме“- напиша на Твитер Трамп.
Белата Куќа ја правда одлуката со информации добиени од странски влади.
Досегашните забрани за влез во САД важеа за граѓани од Иран, Сирија, Јемен, Либија, Сомалија и Судан. Во меѓувреме, Судан е тргнат од листата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.