Заев презеде одговорност и ќе води Совет за реформи во администрација
Објавено во: Анализа 20 Декември, 2017
Премиерот Зоран Заев ќе презеде поголема одговорност на домашна сцена и ќе го води Советот за реформи во јавната администрација кој ќе има задача да работи на подобрување на законската регулатива како и на пронаоѓање на сите слабости во оваа област за која досега имаше бројни забелешки и во извештаите на меѓународните институции. Овој потег доаѓа по критиките на адреса на премиерот Заев дека недоволно учествува во носењето на одлуки за реформи на домашна сцена, па така добар чекор да се види преземање на поголема одговорност по засилената меѓународна агенда.
Совети често се формираат во Владата и тоа не се нови институции туку тела од привремен карактер составени од професионалци, експерти и надворешни членови како и припадници на владините служби и министерства.
Тоа што премиерот Заев ќе го предводи ова тело дава знаци на надеж дека предвидените реформи во јавната администрација ќе бидат квалитетно изработени, од чиста причина што претседателот на Владата треба да биде доволен авторитет за ефикасна, брза и квалитетна работа на самиот Совет.
Претходно да потсетиме дека дојде до голем број на проблеми со Советот за реформи во правосудството особено што дел од експертите и професорите по право се разидоа со мислењата и методите на работа со припадници од Министерството за правда.
Повеќе детали за начинот на кој ќе работи Советот за реформи во јавната администрација очекуваме наскоро, но треба што побрзо да се зафати со решавање на проблеми како нестручноста, превработеноста или несоодветна систематизација на распределба на работни места, како и можностите за намалување на партиските влијанија врз административците и злоупотребите за политички цели.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.