20 Мај, 2024
0.0429

Заев за Договорот од Преспа: Пет години, Северна Македонија и Грција градат заедништво од темел

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Пет години потоа, сведочиме искрено македонско-грчко пријателство, вели екс премиерот Зоран Заев за потпишувањето на Преспанскиот договор, 

Вели дека Договорот од Преспа ни донесе и надеж, и горчина, и стремеж, и сомнеж. 

„Но, најважно од сѐ, ни донесе стабилност, сигурност, јасна перспектива и сила за подобро утре. Пет години потоа, сведочиме искрено македонско-грчко пријателство. Пет години, Северна Македонија и Грција  градат заедништво од темел. На тој темел добиваме помош од нашите европски и евроатлантски сојузници, на тој темел сме предводници на силни регионални иницијативи. На тој темел имаме стабилна економија иако веќе четврта година се бориме со пандемиски и енергетски кризи. Темелот ни е цврст, но ветриштата околу се силни.  Затоа, сите демократски сили, леви и десни, мораме да продолжиме да бидеме бедемот на Договорот од Преспа. Ние, демократите од Балканот, следејќи го примерот на Договорот од Преспа, имаме и обврска и капацитет да најдеме решение за сите отворени прашања на Балканот. Нашиот ангажман има јасна цел – Цел Балкан во ЕУ. Опасните ветришта не стивнуваат, но темелот и бедемот се посилни од нив“, вели Заев. 

Премиерот Димитар Ковачевски претходно изјави дека добро е тоа што Европа го има Договорот од Преспа, како добар пример како треба да се решаваат отворени прашања. 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за Договорот од Преспа рече дека потпишувањето овозможи членство на Македонија во НАТО и  придонесе за добрососедски односи, а истовремено ја отвори иднината на земјава.

На 17 јуни 2018 година, во селото Нивици на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Македонија и Грција го потпишаа договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји.

Договорот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји.

Можеби ќе ве интересира

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа