24 Мај, 2024
0.0298

Законот за јазици ќе си почека, владејачките партии без компромис

Објавено во: Македонија 06 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Без конкретен договор за проблемот со Законот за јазиците. Владејачките партии не успеаа да се договорат за ова прашање. Нема ниту одговор зошто седницата која беше закажана за 12 часот, потоа презакажана за 15 часот, воопшто не започна. Неофицијално, СДСМ и ДУИ не постигнаа компромис што е приоритет за Собранието.

Партиски извори објаснуваат дека на координативните средби ДУИ инсистирала да се затвори прашањето со Законот за јазиците со негово изгласување без амандманска расправа. Главната улога би ја имал спикерот Талат Џафери, кој би објавил дека Собранието не може да одлучува дали законот е во согласност со Уставот и би ги отфрлил амандманите како недозволени. Коалицијата предводена од СДСМ не се согласува. Велат дека сега, кога со ВМРО ДПМНЕ  се води дијалог околу реформските закони, не треба да се прават вакви политички провокации. Бараат Законот за јазици да им отстапи место на законите поврзани со евро-атлантските интеграции, со реформа на судството и владеење на правото. Додека траеја координациите, ВМРО ДПМНЕ подготвено чекаше да влезе во салата и да учествува во амандманската расправа. Во Собранието пристигна и Никола Груевски, кој ретко доаѓа на седници. Опозициската партија останува на барањето законот да се повлече и доработи или да се подобри со нивните 35 569 амандмани, пишува Телма.

Седницата ќе биде дополнително закажана, но не се знае за кога.

Од Собранието попладнево информираа само дека 32. и 11. седница нема да се одржат денеска, а за нивното продолжение ќе има дополнително известување. 

Во текот на целиот ден имаше комуникација помеѓу претседателот на Собранието и пратеничките групи, тие влегуваа и излегуваа, новинарите чекаа. Опозиоциските пратеници, пак, не присуствуваа на координацијата кај Џафери.


Можеби ќе ве интересира

Во вторник закажана конститутивна собраниска седница

Во вторник закажана конститутивна собраниска седница

Африм Гаши - претседател на Собранието

Африм Гаши - претседател на Собранието

„ТИ ДАДОВ ШАНСА ДА ДОЈДЕШ ВО АМЕРИКА, ДА ДОБИЕШ ДОБАР ФАКУЛТЕТ, ТОА НЕ Е ЗА ФАБРИКАТА“ - ексклузивен поткаст на Фактор со нашите иселеници Митре и Софи Кутановски

„ТИ ДАДОВ ШАНСА ДА ДОЈДЕШ ВО АМЕРИКА, ДА ДОБИЕШ ДОБАР ФАКУЛТЕТ, ТОА НЕ Е ЗА ФАБРИКАТА“ - ексклузивен поткаст на Фактор со нашите иселеници Митре и Софи Кутановски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова се сретна со Папата, но средба со Радев немаше

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова се сретна со Папата, но средба со Радев немаше

МУЦУНСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР СО „ВРЕДИ“: Местото на ДУИ е во опозиција

МУЦУНСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР СО „ВРЕДИ“: Местото на ДУИ е во опозиција

ФПСМ: Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ при искачувањето на Хималаите имал проблеми, но е надвор од животна опасност

ФПСМ: Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ при искачувањето на Хималаите имал проблеми, но е надвор од животна опасност

СПАСОВСКИ: Во јавноста перцепцијата е дека сè што ќе побара ДУИ, СДСМ го дава

СПАСОВСКИ: Во јавноста перцепцијата е дека сè што ќе побара ДУИ, СДСМ го дава

ПРИЛЕП: Неколку девојчиња истепале соученичка

ПРИЛЕП: Неколку девојчиња истепале соученичка

KOВАЧЕВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Кога СДСМ ќе избира нoв лидер?

KOВАЧЕВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Кога СДСМ ќе избира нoв лидер?