25 Мај, 2024
0.3143

ЗАВРШИ Г20 САМИТОТ: Лидерите се обврзаа на заедничко решавање глобални проблеми

Објавено во: Свет 29 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Дводневниот самит Г20 заврши. Во своето обраќање домаќинот, Шинџо Абе истакна дека лидерите успејале на самитот да усвојат заеднички пристап за решавање на проблемите и истовремено да не ги зголемат постојните разлики.

Премиерот на Јапонија Абе потенцираше дека постојат различни мислења за Г-20.

„Велат дека е тешко да се најде заеднички став во овој клуб. Но, многу е важно што можевме да најдеме заеднички пристапи за многу проблеми“, рече Абе на прес-конференција.

Лидерите се заложиле за промовирање слободна, фер и недискриминаторска трговија и ветиле дека ќе ги користат „сите политички средства” за поддршка на глобалната економија, во услови на постоечки ризици.

Во фокус на Самиотот беа и климатските промени, лидерите на Г-20 се обврзаа да се борат против климатските промени, обидувајќи се да ги намалат емисиите на гасови работејќи на финансирање на одржлив развој и подобра иновација, САД ја повтори својата одлука да се повлече од Договорот за климатски промени во Париз „бидејќи поттикнува американски работници и даночни обврзници“.

Германската канцеларка, Ангела Меркел го поздрави фактот дека Г20 Успеа да остане во заеднички став околку прашањето за климатските промени.

Таа додаде дека некои лидери во Осака веќе сигнализирале својата подготвеност за зајакнување на посветеност за намалување на емисиите на стакленички гасови на нула до 2050 година,пренсуваат медиумите од регионот.

Ангела Меркел, исто така, го пофали договорот на ЕУ и Латинска Америка во создавањето на најголемиот зона на слободна трговија во светот по 20 години преговори.

  Фото DD Newс, Hürriyet Daily News

Можеби ќе ве интересира

Путин: Нема преговори со Зеленски, му истече мандатот

Путин: Нема преговори со Зеленски, му истече мандатот

Фицо уште е во болница по минатонеделниот атентат

Фицо уште е во болница по минатонеделниот атентат

Две авио-рути над Европа се меѓу најтурбулентните во светот

Две авио-рути над Европа се меѓу најтурбулентните во светот

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запалил по удар во планина

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запалил по удар во планина

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел